Оригинални текстови

OKTA со поддршка на лицата со оштетен вид за нивно полесно учество во сообраќајот

По повод Светскиот ден на белиот стап, ОКТА и Националниот сојуз на слепи на Република Северна Македонија потпишаа меморандум за соработка, со кој се утврдува начинот на кој компанијата ќе обезбеди поддршка за лицата со оштетен вид, со цел да овозможи нивно полесно учество во сообраќајот. За оваа намена, OKTA ќе донира на Градот Скопје, 50 уреди за звучна сигнализација на пешачки премини. Со помош на ЈП „Улици и Патишта“, уредите ќе бидат инсталирани на булевари и улици кои претставуваат критични точки во сообраќајот за лицата со оштетен вид. Станува збор за современа и модерна звучна сигнализација, чија јачина на звук во децибели автоматски се регулира во зависност од нивото на надворешна бучава.

Back to top button
Close
Close