0_Спорт.ПорталФудбал

Окслејд-Чемберлен го повреди коленото и ќе го пропушти остатокот од претсезоната

Фудбалерот од средниот ред на Ливерпул, Алекс Окслејд-Чемберлен, претрпе повреда на коленото за време на тренинзите.

Ливерпул, 21 август 2020 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Ливерпул, Алекс Окслејд-Чемберлен, претрпе повреда на коленото за време на тренинзите.

Англичанецот беше удрен во коленото. Окслејд-Чемберлен ќе го пропушти преостанатиот дел од предсезоната и Супер купот на ФА против Арсенал на 29 август.

Од клубот соопштија за состојбата на другите двајца повредени играчи.

– Играчот од средниот ред Џордан Хендерсон и дефанзивецот Џоел Матип продолжуваат да закрпнуваат од повредите. Ќе се вратат на почетокот на новата сезона. Се надевам дека ќе бидат подготвени за првиот натпревар, изјави тренерот Јирген Клоп.

Првиот натпревар од новата сезона во Премиер лигата, Ливерпул ќе го игра на 12 септември против Лидс. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close