0_Спорт.ПорталТенис

Ѓоковиќ за карантинот во АО: Сè е супер, нема за што да се жалам

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ раскажа како му поминува времето во карантинот во Аделаида пред почетокот на Грен слемот Австралија опен.

Мелбурн, 25 јануари 2021 (МИА) – Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ раскажа како му поминува времето во карантинот во Аделаида пред почетокот на Грен слемот Австралија опен.

– Ова е уникатно искуство. Никогаш не сум бил во таква ситуација, но генерално сè е супер, нема за што да се жалам. Многу ми е драго што дојдов во Австралија. Изминатите 15 години бев многу срдечно прифатен и одлично се забавував во Мелбурн, изјави  осумкратниот шампион на турнирот.

Србинот е бранител на трофејот освоен минатата година. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close