0_Спорт.ПорталSport.SlajderТенис

Ѓоковиќ смета дека Австралија опен може да се одложи

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ смета дека постои ризик од одложување на Австралија опен поради големите пожари што беснеат на континентот. Создаден е чад кој може да го загрози здравјето на играчите.

Мелбурн, 5 јануари 2020 (МИА) – Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ смета дека постои ризик од одложување на Австралија опен поради големите пожари што беснеат на континентот. Создаден е чад кој може да го загрози здравјето на играчите.

– Ако дојде до точка дека нешто му се заканува на здравјето на играчите, ќе мора да размислиме за одложување на турнирот. Ова е најекстремната опција. Затоа што сум сигурен дека организаторите ќе сторат сé што е можно за да не се одложи турнирот, изјави Ѓоковиќ.

Грен слем турнирот во Мелбурн треба да се одржи од 20 јануари до 2 февруари. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close