0_Спорт.ПорталТенис

Ѓоковиќ против Циципас за трофејот во Дубаи

Новак Ѓоковиќ ќе биде ривал на Стефанос Циципас во финалето на АТП турнирот во Дубаи. Српскиот тенисер во полуфиналето спаси три меча топки и на крајот славеше над Гаел Монфис со 2:6, 7:6, 6:1.

Дубаи, 28 февруари 2020 (МИА) – Новак Ѓоковиќ ќе биде ривал на Стефанос Циципас во финалето на АТП турнирот во Дубаи. Српскиот тенисер во полуфиналето спаси три меча топки и на крајот славеше над Гаел Монфис со 2:6, 7:6, 6:1.

„Имав среќа да најдам начин да се вратам во вториот сет. Имав сет топка на 5:4 и 6:5, но Гаел одигра фантастично, никогаш подобро. Многу тешко е да се пробие кога игра онака во дефанзива. Имаше навистина одличен настап“, рече Ѓоковиќ.

Стефанос Циципас во првото полуфинале го елиминира Британецот Даниел Еванс со 6:2, 6:3. сѓд/сд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close