0_Спорт.ПорталSport.SlajderТенис

Ѓоковиќ пред АО: Последните три дена воздухот беше многу свеж, како да немаше ништо

Еден од најдобрите играчи во историјата на тенисот, Новак Ѓоковиќ ја коментираше состојбата на воздухот во Мелбурн, каде што утре започнува Австралија опен.

Мелбурн, 19 јануари 2020 (МИА) – Еден од најдобрите играчи во историјата на тенисот, Новак Ѓоковиќ ја коментираше состојбата на воздухот во Мелбурн, каде што утре започнува Австралија опен.

– Пожарите се трагедија за Австралија. Многу е непријатно да се види колку луѓе страдаат од сила која е многу тешко да се запре. Понекогаш природата покажува колку сме незначителни. Да бидам искрен, бев многу загрижен. Мелбурн на денот кога започнаа квалификациите беше најзагадениот град во светот. Тажно беше да се види како играчите ја губат свеста, како момчињата ја губат свеста. Но, времето во Мелбурн се менува многу брзо, се нарекува град од четири сезони. Силен дожд падна ноќеска, ветерот го расчисти небото. Последните три дена, воздухот е многу свеж, како да нема ништо, изјави српскиот тенисер.

Тој изрази надеж дека Грен слемот во Австралија ќе мине во ред.

– Не знаеме дали ќе продолжи оваа состојба. Пожарите сè уште не се завршени. Но, заради здравјето и благосостојбата на играчите, се надеваме дека сè ќе биде добро. За среќа, турнирот има три терени со покриви на повлекување. Но, сеедно, има многу натпревари и играчи. Да се ​​надеваме дека најлошото заврши, истакна Ѓоковиќ. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close