0_Спорт.ПорталСпорт.СлајдерТенис

Ѓоковиќ: Најдобрите тенисери на светот дојдоа на Олимпијадата

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ го коментираше фактот дека Роџер Федерер и Рафаел Надал ќе ги пропуштаат Олимписките игри.

Токио, 23 јули 2021 (МИА) – Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ го коментираше фактот дека Роџер Федерер и Рафаел Надал ќе ги пропуштаат Олимписките игри.

– Во текот на изминатите 15 години, јас не играв многу турнири на кои ги немаше Роџер и Рафа. Затоа е малку чудно, бидејќи навикнав да гледам барем еден од нив. Но, и онака најдобрите играчи на светот дојдоа тука. Медведев, Циципас, Зверев, Рублев, ова се момците од Топ 6, Топ 7, главните претенденти за медали.

Српскиот тенисер е прв фаворит за освојување на златниот медал. Тој победи на првите три Грен слема годинава и сега целта му е злато од Токио, како и триумф на последниот Грен слем (УС Опен). зс/

Таг
Back to top button
Close
Close