0_Спорт.ПорталSport.SlajderТенис

Ѓоковиќ го откажа тренингот пред полуфиналето во Париз

Фактот што Новак решил да го откаже тренингот во договор со стручниот штаб е само потврда дека тој сè уште страда од повреда што му направи проблеми во четвртфиналето на Отвореното првенство на Франција против Пабло Карењо Буста.

Париз, 8 октомври 2020 (МИА) – Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на светот, реши да го прескокне тренингот во четвртокот, ден пред полуфиналната пресметка со Стефанос Циципас во полуфиналето на Ролан Гарос.

Фактот што Новак решил да го откаже тренингот во договор со стручниот штаб е само потврда дека тој сè уште страда од повреда што му направи проблеми во четвртфиналето на Отвореното првенство на Франција против Пабло Карењо Буста.

Шпанецот по мечот изјави дека кога и да почне да губи, Србинот се жали на повредата.

Но се чини дека неговите сомневања биле неоправдани, бидејќи Ѓоковиќ е навистина повреден – во вратот, лактот, раката, а исто така имаше проблем и со грбот.

Откажувањето на тренингот од Новак може да се класифицира и како „време за купување“ за терапии, кои му се полесни од тренинзите, со цел подобро да се подготви за жилавиот Грк.

Таг
Back to top button
Close
Close