0_Спорт.ПорталSport.SlajderТенис

Ѓоковиќ дисквалификуван на УС Опен поради удар со топче на линиски судија

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ службено го загуби мечот од осминафиналето на УС Опен. Тој беше казнет затоа што со топче удри една од линиските судии.

Њујорк, 6 септември 2020 (МИА) – Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ службено го загуби мечот од осминафиналето на УС Опен. Тој беше казнет затоа што со топче удри една од линиските судии.

И покрај извинувањето поради несмасниот потег, Ѓоковиќ беше драстично казнет од службените лица на Грен слемот во Њујорк.

Во моментот на инцидентот, се играше првиот сет и резултатот беше 6:5 за Карено-Буста.

Шпанецот се пласираше во четвртфиналето каде ќе се сретне со победникот од мечот Денис Шаповалов (Канада) – Давид Гофин (Белгија). зс/

Таг
Back to top button
Close
Close