Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Околу пет отсто руски авио-патници губат багаж

Околу пет проценти од патниците на руската авиокомпанија „Аерофлот“ го изгубиле багажот во одреден момент, а 40 отсто од нив се соочиле со такви проблеми на домашните летови, се наведува во истражување.

Москва, 1 јануари 2019 (МИА) – Околу пет проценти од патниците на руската авиокомпанија „Аерофлот“ го изгубиле багажот во одреден момент, а 40 отсто од нив се соочиле со такви проблеми на домашните летови, се наведува во истражување.

„Дури 40 проценти од анкетираните чиј багаж е изгубен или оштетен, се соочиле со тој проблем на домашни летови, додека 38 отсто од анкетираните изгубиле торби и куфери при поврзани летови во Европа, уште 15 отсто на азиските и седум проценти кои немале директни летови кон САД “, соопштија Сбербанк и Службата за туризам Авиасалес, кои го спроведоа истражувањето.

Само околу 16 проценти од испитаниците одговориле дека платиле осигурување на багаж.

Во исто време, истражувањето покажа дека половина од патниците редовно патуваат само со рачен  багаж. зш/

Back to top button
Close
Close