Дописници СветЕвропаЕвропа.Портал

Околу 9.6 милиони работници приватниот сектор во Франција се „парцијално невработени“

Според министерката за труд, Муриел Пенико, 787. 000 претпријатијата ја  искористиле можноста која ги пружаат законските одредби, донесени поради епидемијата со новиот коронавирус, да пратат 9,6 милиони вработени од приватниот сектор на „парцијална невработеност“, јави дописникот на МИА

Париз, 20 април 2020 (МИА) – Според министерката за труд, Муриел Пенико, 787. 000 претпријатијата ја  искористиле можноста која ги пружаат законските одредби, донесени поради епидемијата со новиот коронавирус, да пратат 9,6 милиони вработени од приватниот сектор на „парцијална невработеност“, јави дописникот на МИА.

Сега има 9,6 вработени од приватниот сектор, кои се заштитени, изјави Пенико за француското радио РТЛ.

Тоа се речиси половина од вработените во приватниот сектор. Инаку, 785. 000 претпријатија побараа пристап до овие мерки поради забавувањето на економските активности во земјата, посебно во секторот на трговијата, сместувањето и рестораните, но исто така и во механичарските автомобилски работилници и градежништвото.

Некои од вработените продолжуваат со професионалноста активност со целосно работно време и работат на оддалеченост.

Според министерката за труд, кога ќе бидат укинати мерките за ограничување ќе треба да се „миксира“ работата на работното место и од дома. Со цел да се дозволи ротација на екипите и почитување на социјалнатафизичка дистанца. Таа, исто така, посочи дека се подготвуваат водичи за претпријатијата за излез од кризата, посебно за почитување на мерките за физичка дистанца и заштита на вработените. тг/ми/

Таг
Back to top button
Close
Close