Дописници МКДОпштински вести

Околу 3.000 потписи собра Иницијативата за референдум против депонија во Неготино

Околу три илјади потписи собра Иницијативата за референдум против депонија за индустриски отпад во  Неготино што ја покрена Здружението на граѓани „Ековита”.

Неготино, 8 јануари 2020 (МИА) – Околу три илјади потписи собра Иницијативата за референдум против депонија за индустриски отпад во  Неготино што ја покрена Здружението на граѓани „Ековита”.

Претседателот на Здружението, Сашко Тодоров денеска информираше дека се неопходни уште околу двеста потписи. Од „Ековита” се убедени дека ќе ги обезбедат до 17 јануари.

Со собрани потписи, појасни Тодоров, ќе се оди на референдумско изјаснување.

-Со успешен референдум ќе бидеме сигурни дека еднаш засекогаш сме го затвориле ова прашање, рече претседателот на „Ековита”.

Тодоров е дециден дека по најавата за можна изградба на депонија за индустриски инертен и неопасен отпад, граѓаните стравуваат за здравјето, животната средина и заштитеното подрачје „Орлово брдо”. свд/мч/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close