Svet.SlajderСветСвет.Портал

Околу 1.300 цивили се убиени во последните осум месеци во конфликтите во ДР Конго

Во последните осум месеци во конфликтите во ДР Конго се убиени околу 1.300 цивили, соопшти денеска ОН, предупредувајќи дека некои инциденти можат да претставуваат и „злосторства против човештвото“.

Киншаса, 5 јуни 2020 (МИА) – Во последните осум месеци во конфликтите во ДР Конго се убиени околу 1.300 цивили, соопшти денеска ОН, предупредувајќи дека некои инциденти можат да претставуваат и „злосторства против човештвото“.

-Се ужаснувам од зголемувањето на бруталните напади против невините цивили од вооружените групи и од реакцијата на војската и силите за безбедност, кои, исто така, извршили тешки злосторства, вклучувајќи и убиства и сексуално насилство, изјави шефицата на ОН за правата на човекот,  Мишел Бачелет.

„Генерализираниот и систематски карактер на некои од нападите против цивилите во Итури и Северно Киву може да се смета за злосторства против човештвото и воено злосторство“, рече таа.

Станува јасно дека за овој изминат осуммесечен период, над половина милион лица ги напуштиле Киву од страв за својот живот. сд/

Back to top button
Close
Close