0_Спорт.ПорталКошарка

Јокиќ може да го пропушти третиот натпревар од серијата со Клиперс

Центарот на Денвер, Никола Јокиќ можеби нема да игра на третиот натпревар од 2-то коло во плејофот против Клиперс.

Орландо, 7 септември 2020 (МИА) – Центарот на Денвер, Никола Јокиќ можеби нема да игра на третиот натпревар од 2-то коло во плејофот против Клиперс.

Србинот има истегнување во раката на десниот зглоб, објави ЕСПН.

На вториот натпревар од серијата, Јокиќ помина 37 минути на паркетот, остварувајќи 26 поени, 18 скока, 4 асистенции и 3 блокади.

Моменталниот резултат е 1:1 во серијата прв до четири победи.

Третиот натпревар е закажан за 3 часот по полноќ. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close