0_Спорт.ПорталSport.SlajderКошарка

Јокиќ е првиот центар по Чембрлен кој направи 18 асистенции на еден натпревар

Центарот на Денвер, Никола Јокиќ на денешниот натпревар против Хјустон (124:111) постави личен рекорд по бројот на асистенции на еден меч - 18.

Денвер, 29 декември 2020 (МИА) – Центарот на Денвер, Никола Јокиќ на денешниот натпревар против Хјустон (124:111) постави личен рекорд по бројот на асистенции на еден меч – 18.

Јокиќ стана првиот центар по Вилт Чембрлен кој остварил 18 асистенции на еден натпревар.

Исто така, српскиот кошаркар го направи својот 43-ти трипл-дабл во кариерата со 19 поени и 12 скока и се израмни со Фет Левер, кој е лидер во оваа статистичка категорија во историјата на клубот. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close