0_Македонија.ПорталОпштествоХроникаХроника.Портал

OJO Гостивар поднесе казнен налог против едно лице за непочитување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлог за издавање казнен налог против 31-годишен жител на селото Ѓурчевиште за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Гостивар.

Скопје, 23 јуни 2021 (МИА) – Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлог за издавање казнен налог против 31-годишен жител на селото Ѓурчевиште за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Гостивар.

Обвинителството му предлага на Основниот суд во Гостивар да определи парична казна за лицето кое на 14 април било затекнато при непочитување на полицискиот час. За време на забраната за движење на населението, определена како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот, обвинетиот без дозвола се движел надвор од неговиот дом.​​ оџ/лв/

Back to top button
Close
Close