0_Македонија.ПорталДописници МКДПарламентарни избори 2020Политика

ОИК Куманово интензивно се подготвува за изборите

Општинската изборна комисија Куманово интензивно се подготвува за престојните парламентарни избори, соопштија денеска надлежните. Во тек се анализи за промена на дел од  постоечките, од вкупно 167-те избирачки места кои не ги исполнуваат условите за гласање во сегашни услови на пандемија со КОВИД-19, за што наскоро ќе се известат избирачите. Анализите веќе се завршени и испратен е предлог до ДИК за да се разгледаат понудените опции.

Куманово, 26 јуни 2020 (МИА) – Општинската изборна комисија Куманово интензивно се подготвува за престојните парламентарни избори, соопштија денеска надлежните. Во тек се анализи за промена на дел од  постоечките, од вкупно 167-те избирачки места кои не ги исполнуваат условите за гласање во сегашни услови на пандемија со КОВИД-19, за што наскоро ќе се известат избирачите. Анализите веќе се завршени и испратен е предлог до ДИК за да се разгледаат понудените опции.

-Општинска изборна комисија Куманово согласно добиено известување од ДИК, во рамки на подготовките за престојните предвремени парламентарни избори, а согласно член 8-а од Уредба со законска сила за изменување и дополнување на уредба со законска сила за прашања поврзани со изборниот процес на Владата на РСМ бр.44- 5295/1  од 10.06.2020 год. (Сл. Весник на РСМ бр.154 од 10.06.2020 ) од 16.06.2020 г. ги презема и извршува сите неопходни и технички и административни активности заради подготовка на преостанати изборни дејствија – изјави претседателот на ОИК  Куманово, Драган Јовановски.

Избирачките одбори се комплетирани  на територија на Општина Куманово. Надлежните од ОИК во моментов комуницираат со членовите на избирачките одбори за престојните обуки кои ќе се одржат наредната недела. ам/аа/

Back to top button
Close
Close