0_Македонија.ПорталПолитика

ОИК Куманово ги формираше 167 Избирачки одбори

Членовите на ОИК Куманово интензивно се подготвуваат за спроведување на предвремените парламентарни избори закажани за 12. април годинава.

Куманово, 10 март 2020 (МИА) – Членовите на Општинската изборна комисија Куманово интензивно се подготвуваат за спроведување на предвремените парламентарни избори закажани за 12. април годинава.

ОИК  Куманово ги формираше 167-те одбори во кои се ангажирани 1.670 лица, информираа денеска, надлежните.

Претседателот на општинската изборна комисија, Драган Јовановски изјави дека активно и континуирано се одржуваат обуките за членовите на избирачките одбори кои се задолжителни за сите членови.

Во моментов, нагласува Јовановски, се врши ажурирање на членовите на избирачките одбори кое се спроведува согласно Изборниот законик. ам/ев/

Back to top button
Close
Close