0_Спорт.ПорталКошаркаРезултатиСпорт.Слајдер

ОИ кошарка: Словенија прв полуфиналист

Кошаркарската репрезентација на Словенија рано утрово ја победи Германија со 94:70 и стигна до полуфиналето на Олимпијадата во Токио.

Токио, 3 август 2021 (МИА) – Кошаркарската репрезентација на Словенија рано утрово ја победи Германија со 94:70 и стигна до полуфиналето на Олимпијадата во Токио.

Најефикасен играч на натпреварот беше Зоран Драгиќ, кој постигна 27 поени, Лука Дончиќ запиша 20 поени и 11 асистенции.

Во полуфиналето Словенците ќе играат со победникот од натпреварот Италија – Франција.

Веќе се игра натпреварот Шпанија – САД, а последната четвртфинална двојка ја сочинуваат Австралија и Аргентина. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close