0_Спорт.ПорталОстанатоРезултати

ОИ: Бразил и Русија ја формираа првата полуфинална двојка

Одбојкарите на Бразил и на Русија ќе играат во полуфиналето на Олимписките игри во Токио.

Токио, 3 август 2021 (МИА) – Одбојкарите на Бразил и на Русија ќе играат во полуфиналето на Олимписките игри во Токио.

Ова е епилогот по првите два четвртфинални меча одиграни во раните утрински часови.

Најпрво Русија ја совлада Канада со максимални 3:0, по сетови 25:21, 30:28 и 25:22.

Во второто четвртфинале, Бразил исто така со 3:0, по сетови 25:20, 25:22 и 25:20 беа поуспешни од Јапонија.

Во текот на денот ќе играат:
Италија – Аргентина
Полска – Франција. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close