0_Спорт.ПорталОстанато

ОИ: Блажевска-Еминова 40. во квалификациите на 100 метри слободно

Македонската пливачка Миа Блажевска-Еминова оствари 40-то време во квалификациите на трката на 100 метри слободно на Летните олимписки игри во Токио.

Токио, 28 јули 2021 (МИА) – Македонската пливачка Миа Блажевска-Еминова оствари 40-то време во квалификациите на трката на 100 метри слободно на Летните олимписки игри во Токио.

Македонката патеката ја мина со време 57.19 секунди.

Во оваа дисциплина во квалификациите учествуваа 52 пливачки.

Најдобро време постави Ема Мекин од Австралија – 52.13 што е нов олимписки рекорд.

Од македонските спортисти на Олимпијадата во Токио, треба да настапат уште Јован Стојоски (атлетика) во трката на 400 метри закажана за 1 август, Пуликсена Јованоска Пулексенија (карате, кати) на 5 август и Магомедгаджи Нуров (борење слободен стил, 97 кгр.) на 6 август. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close