Дописници МКДОпштински вести

Охрид, Струга и Поградец со заеднички проекти пред ИПА 3 фондовите на ЕУ

Развојот на туризмот, зачувувањето на животната средина и светското природно наследство како заеднички интереси на трите крајбрежни општини на Охридското Езеро биле тема на денешната средба во Охрид на градоначалниците на Охрид, Струга и Поградец.

Охрид, 3 февруари 2021 (МИА) – Развојот на туризмот, зачувувањето на животната средина и светското природно наследство како заеднички интереси на трите крајбрежни општини на Охридското Езеро биле тема на денешната средба во Охрид на градоначалниците на Охрид, Струга и Поградец.

Константин Георгиески, Рамиз Мерко и Илир Џаколи разговарале за можностите за воспоставување поголема меѓусебна соработка и креирање заеднички проекти со кои трите општини би аплицирале за поддршка преку Програмата за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија во рамките на ИПА 3 програмата на ЕУ, за периодот од 2021 до 2027 година.

Како што објави на својот фејсбук-статус градоначалникот на Охрид Георгиески, продолжуваат редовните комуникации како заложба за остварување на заедничките интереси на граѓаните на трите општини на Охридското Езеро. аб/сст/

Таг
Back to top button
Close
Close