Дописници МКДОпштински вести

„Охрид SOS“ посочува на нелегални градежни активности на струшкото крајбрежје

Еколошката граѓанска иницијатива „Охрид SOS“ тврди дека нелегални градежни активности се спроведуваат на самиот брег на Охридското Езеро, во струшкиот дел од крајбрежјето.

Охрид, 7 октомври 2020 (МИА) – Еколошката граѓанска иницијатива „Охрид SOS“ тврди дека нелегални градежни активности се спроведуваат на самиот брег на Охридското Езеро, во струшкиот дел од крајбрежјето.

Според стасусот објавен на нивната фејсбук страница, градежна механизација со камиони депонира големи количества материјал и шут на потегот од брегот меѓу кампот Ливадиштa до населбата Елен Камен. Истовремено се тврди дека локалното население во текот на целиот јули било без водоснабдување заради дефект со пукната цевка, на која не можело да се интервенира затоа што била затрупана и тешко достапна од огромната количина нафрлана земја и шут.

Според „Охрид SOS“ жителите реагирале до инспекторатот за животна средина во Струга и до локалниот водовод, но не добиле никаков одговор.

Во статусот уште се обвинуваат пратениците од Струга, како и ресорните министерства и институции за негрижа за јавниот интерес и општото добро односно животната средина. аб/цр

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close