Дописници МКДОпштество

Охрид се сеќава на Елена Каваева

На 2 февруари навршуваат 38 години од смртта на д-р Хелена Етингер Каваева, личност која остави длабоки траги во колективната меморија на охриѓани. По тој повод, членовите на Лајонс клубот „Лихнидос“ испратија барање до градските власти во Охрид, една улица или здравствен дом во градот да го понесе нејзиното име.

Охрид, 1 февруари 2021 (МИА) – На 2 февруари навршуваат 38 години од смртта на д-р Хелена Етингер Каваева, личност која остави длабоки траги во колективната меморија на охриѓани. По тој повод, членовите на Лајонс клубот „Лихнидос“ испратија барање до градските власти во Охрид, една улица или здравствен дом во градот да го понесе нејзиното име.

Барањето содржи предлог идејата да биде реализирана до датумот на нејзиното раѓање, на 16 март, со поставување пригодна спомен – плоча на влезот од зградата на Здравствениот дом „Маларична”.

Д-р Каваева, заедно со сопругот д-р Владимир Кавај, се основоположници на македонскиот здравствен систем. Нејзиното име во Охрид се уште е метафора за чистота и лична хигиена. Целиот нејзин живот е поврзан со силна посветеност кон медицината, со многу спасени животи, со многу излечени деца во првиот детски диспанзер, но и со искоренување на маларијата во Охрид, Струга, низ цела Македонија, но и во Албанија. аб/са/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close