Дописници МКДОпштински вести

Охрид и Корча заеднички до проекти финансирани преку ИПА III програмата на ЕУ за периодот од 2021 до 2027 година

Утврдување на начините за интензивирање на прекуграничната соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија, со проекти што би биле реализирани преку ИПА III програмата на Европската Унија за периодот од 2021 до 2027 година, беа главната тема на разговорите на денешната средба во Корча на градоначалникот на Охрид Константин Георгиески со неговиот домаќин Сотираќ Фило.

Охрид, 13 октомври 2020 (МИА) – Утврдување на начините за интензивирање на прекуграничната соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија, со проекти што би биле реализирани преку ИПА III програмата на Европската Унија за периодот од 2021 до 2027 година, беа главната тема на разговорите на денешната средба во Корча на градоначалникот на Охрид Константин Георгиески со неговиот домаќин Сотираќ Фило.

На работниот состанок било дискутирано за потребата од дефинирање заедничка стратешка визија за развој на општините Охрид и Корча, што би била во насока на иден развој и напредок на прекуграничниот регион.

Двајцата градоначалници согласни дека креирањето и имплементирањетоа заеднички проекти треба да биде во корелација со регионалните политики и истите треба да имаат позитивни придобивки за граѓаните од меѓуграничниот регион на двете држави. аб/сп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close