Дописници МКДОпштински вести

Охриѓани активно се вклучија во еколошката акција „Генералка викенд“

Граѓаните на Охрид покажаа висока свест за потребата од одржување чиста животна околина. Голем број охриѓани, најмногу млади лица, се одѕваа на повикот и се вклучија во големата еколошка акција „Генералка викенд“ што се спроведува денеска низ повеќе градови во земјата.

Охрид, 8 мај 2021 (МИА) – Граѓаните на Охрид покажаа висока свест за потребата од одржување чиста животна околина. Голем број охриѓани, најмногу млади лица, се одѕваа на повикот и се вклучија во големата еколошка акција „Генералка викенд“ што се спроведува денеска низ повеќе градови во земјата.

Тие заедно со екипи на ЈП „Охридски комуналец“ како и активисти на здруженијата на граѓани „Брег на младоста“ и „Чист Охрид“ собираа отпад на повеќе локации на крајбрежјето на Охридското Езеро како „Грашница“, „Горица“ „Св. Стефан“, како и плажата во село Пештани. Екипите на „Охридски комуналец“ во рамки на акцијата спроведуваа и активности за уредување на зеленилото на повеќе атрактивни локации низ градот и околината што вообичаено се масовно посетени од гостите и туристите.

Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески јавно им се заблагодари на своите сограѓани за препознавањето на потребата од активен придонес за почиста и поубава средина.

Еколошката акција ја организира компанијата „Мен енд маунтен“, со поддршка на Министерството за животна средина и „Пакомак“ Скопје. Во акцијата се вклучи и Делегацијата на Европската Унија преку иницијативата „За чисто како и дома исто“. аб/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close