0_Web_Насловна-слајдерДописници МКДОпштински вести

Огромен пожар од попладнево пустоши во Ранковце, има изгорени и куќи

Голем шумски пожар што избувнал попладнево во Општина Ранковце зафатил голема површина шуми, а се проширил и во дел од населените места, Радибуш и Отошница, опожарувајќи и дел од куќите.

Крива Паланка, 2 август 2021( МИА) – Голем шумски пожар што избувнал попладнево во Општина Ранковце зафатил голема површина шуми, а се проширил и во дел од населените места, Радибуш и Отошница, опожарувајќи и дел од куќите.

Големата огнена стихија се заканува да се прошири и кон останатите села во Општина Ранковце, информира градоначалникот, Ивица Тошевски.

– Она што во моментов може да го кажам е дека нѐ снајде голема катастрофа, огнот буквално го проголта домот во село Отошница, опожарени се куќи, има зафатено и столбови за електрична енергија, струјата е во прекин, очекуваме помош од соседните општини и во координација со Дирекцијата за заштита и спасување сме и Центарот за управување со кризи, од каде на помош повикавме и хеликоптери за гасење, информира Тошевски.

Огнот се движи кон браната во село Отошница, а надлежните стравуваат дека може да се прошири и кон околните села.

Командирот на Територијалната противпожарна единица од Ранковце рече дека огнената стихија е голема, споредувајќи ја со големите пожари во Калифорнија.

Рече, опасност постои и од соединување на пожарот со оној во соседната општина Старо Нагоричане. ид/ир/

Back to top button
Close
Close