0_Македонија.ПорталОпштествоПолитика

Огромен диспаритетот меѓу општините, неопходно зајакнување на граѓанското учество во одлучувањето

Поголемо учество на граѓаните во креирањето решенија за квалитетно живеење, интензивирање на соработката меѓу локалните и регионалните субјекти, како и подобра социјална инклузија на маргинализираните групи (лицата со попреченост, изолираните од руралните средини, безодмниците, самохраните мајки, жртвите на семејно насилство), се приоритетните чекори за успешен рамномерен развој на државата.

Скопје, 7 февруари 2020 (МИА) – Поголемо учество на граѓаните во креирањето решенија за квалитетно живеење, интензивирање на соработката меѓу локалните и регионалните субјекти, како и подобра социјална инклузија на маргинализираните групи (лицата со попреченост, изолираните од руралните средини, безодмниците, самохраните мајки, жртвите на семејно насилство), се приоритетните чекори за успешен рамномерен развој на државата.

Како што беше речено на денешниот Регионален форум во заедницата, оргомен е диспаритетот меѓу општините во сите осум плански региони, а поради неспроведениот попис податоци има дури од 2002 година, па тешко може да се извлечат добри параметри врз основа на кои би се направила сеопфатна анализа.

-Разбирањето на социјалната инклузија е соочена со различни предизвици. Социјалното вклучување е повеќедимензионално и влијае на различни животни области: економски, политички, културни, социјални. Потребно е мобилизирање на можностите за работа, развој на меѓуетничките партнерства, борба против дискриминацијата и проширување на пристапот до квалитетни економски, социјални и образовни услуги, истакна претседателот на Советот за развој на Скопскиот плански регион и градоначалник на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски.

Според него, токму и целта на денешниот Форум е да се зајакне пред се граѓанското учество во процесот на одлучување, но и да се изнајдат поефикасни решенија за проблемите од интерес на регионите.

-Учеството на граѓаните во одлучувањето на нивната иднина е од фундаментално значење за инклузивно општество. Задничка акција на сите нивоа и учество на сите чинители без разлика на пол, возраст, етничка или верска припадност, се предуслови за генерирање одржливи решенија, потенцира Георгиевски.

Одржлив развој, дополни, може да се постигне само ако во процесот на развој се вклучат сите: граѓанството, администрацијата, академската фела и приватниот сектор.

Георгиев рече дека скопскиот регион кој брои 18 општини, за руралните подрачја добива најмала сума средства, околу 21 милион денара на годишно ниво.

-Општините во Скопје, без исклучок, имаат потреба од рамномерен регионален развој. Притоа, мора да се земе предвид дека сите, Карпош, Кисела Вода, Гази Баба, Чаир, Чучер Сандево, Студеничани, Зелениково, Илинден, Петровец, Арачиново,…, имаат своја специфика. Токму попладнево во Владата ќе разговараме за приоритетите и за зголемување на буџетот во 2020 година со цел регионалниот развој да биде приоритет и да се зголеми стапката на враќање на парите во осумте плански региони, подвлече Георгиевски.

Со Регионалниот форум во заедницата почна првата сесија од вториот циклус регионални форуми кои се дел од Проектот за рамномерен регионален развој, поддржан од Швајцарската агенција за развој и Министерството за локална самоуправа. мч/скс/

Back to top button
Close
Close