Дописници МКДОпштински вести

Огранокот на здружението „Борка“ и Општина Кочани организираа рекреативно пешачење до локалитетот Гоцева Шума

Под мотото „Пешачењето е здравје“ локалниот огранок на здружението „Борка – за секоја нов ден“ и Општина Кочани денеска организираа рекреативно пешачење до излетничкото место Гоцева Шума.

Кочани, 12 јуни 2021 (МИА) – Под мотото „Пешачењето е здравје“ локалниот огранок на здружението „Борка – за секоја нов ден“ и Општина Кочани денеска организираа рекреативно пешачење до излетничкото место Гоцева Шума.

Во активноста се вклучија Извидничкиот одбор „Ластовица“, граѓани поддржувачи на здравиот живот, лекари специјалисти, членови на Советот на Општина Кочани, а гости беа и членови на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Советот на Општина Кавадарци.

Учесниците ги поздравија координаторката на „Борка“ – Кочани, Валентина Андонова, д-р Драгана Могилевска-Груевска и д-р Виолета Димитрова. За факторите за здрав живот и за значењето на здравата храна, кратко обраќање имаше д-р Мирко Анакиевски, а стихови со порака за поддршка на лицата кои се борат со тешки болести читаше Ружа Стојмилова.

– Користете ги пешачките и велосипедските патеки, движете сè што повеќе, а ние како досега и натаму ќе работиме да создаваме што подобри услови за урбана мобилност. Со овој настан сакаме да се обединиме сите, без оглед на пол, возраст, националност и да си помагаме еден на друг, бидејќи тоа е повеќе од потребно во време кога се соочуваме со пандемија или ги трпиме последиците од здравствената криза, повика градоначалникот Николчо Илијев.

Најмалиот учесник на рекреативното пешачење имаше три години, а највозрасниот 84 години. Активноста е дел од Локалниот акциски план за еднакви можности на жените и мажите на Општина Кочани за 2021 година. та/ир

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close