0_Магазин.ПорталЗанимливости

Ограбил продавница, па си го заборавил детето внатре

Крадец на ситно, ограбил продавница во Бауцен, Германија, па си го заборавил синот внатре, што на полицијата значително ѝ ја олеснило потрагата по него.

Берлин, 8 јуни 2020 (МИА) – Крадец на ситно, ограбил продавница во Бауцен, Германија, па си го заборавил синот внатре, што на полицијата значително ѝ ја олеснило потрагата по него.

Имено, 29-годишникот го фатило паника кога при кражбата се вклучил алармот, па почнал да бега, заборавајќи го осум годишниот син внатре во продавницата. Украдената стока чинела пет евра.

Освен тоа, човекот при бегството се препнал, паднал и се повредил, па се пријавил в болница. По прегледот тој бил уапсен. си/гт/

Таг
Back to top button
Close
Close