ХроникаХроника.Портал

Oграбена експозитурата на ТТК Банка во Велес

Во 09.20 часот утринава во СВР Велес било пријавено дека во експозитура на ТТК Банка на ул.„8 Септември“ во Велес едно лице со закана со пиштол од вработените одзело пари и побегнало.

Велес, 7 февруари 2020 (МИА) – Во 09.20 часот утринава во СВР Велес било пријавено дека во експозитура на ТТК Банка на ул.„8 Септември“ во Велес едно лице со закана со пиштол од вработените одзело пари и побегнало.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Според сведоци кои се нашле на местото на грабежот, лицето било маскирано со заштитна маска против загадување на воздухот, и со пиштол в раце.

Од ТТК банка информираат дека за време на грабежот вработените во Банката постапиле според процедурите и претходно дадените упаства, кои се применуваат во вакви случаеви и оти никој од вработените не е поврeден, ниту за време на настанот имало надворешни клиенти во Банката.

–Во моментов се работи на утврдувањето на висината на износот на ограбените средства. Средствата на Банката се претходно осигурани во надлежна осигурителна компанија во функција за елиминарање на секаков ризик од ваков вид настани, наведуваат од ТТК Банка.

СВР Велес е во потрага по лицето и врши контрола на автомобилите кои го напуштаат градот. ад/оџ/

 

Back to top button
Close
Close