Политички партии

Огненовска: Ги повикуваме сите млади да поднесат кандидатури за пратеници

СДСМ како партија насочена кон младите, целосно ја почитува одредбата за 30 отсто застапеност на млади на пратеничките листи.

Скопје, 5 февруари 2020

Започнаа постапките за избор на кандидати за пратеници на СДСМ.

Покрај кандидирањето од страна на Општинските организации, Градската организација и Извршниот одбор, отворена е можноста за самокандидирање.

СДСМ како партија насочена кон младите, целосно ја почитува одредбата за 30 отсто застапеност на млади на пратеничките листи.

Доколку ги делите социјалдемократските вредности, доколку имате визија и решенија за квалитетни младински политики, доколку сте препознаени како чесни и угледни личности ве повикувам да се вклучите во постапката на самокандидирање.

Покажавме дека постојано ја отвораме партијата за нови, млади и квалитетни кадри, идеи и проекти. Така е и сега и така и ќе продолжиме!

Ќе се спроведе транспарентна, инкулузивна и професионална постапка.

Потоа на Конгрес ќе дојдеме до имињата на најдобрите кандидати кои ќе се најдат на пратеничките листи.

СДСМ знае да го цени и почитува квалитетот и потенцијалот на млади луѓе, нивната енергија и визија. СДСМ отсекогаш работел заедно со младите и во нивен интерес.

Така ќе биде и во иднина и по победата на 12 април. Продолжуваме на прав пат заедно со младите.

Блажена Огненовска од СДММ

___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Таг
Back to top button
Close
Close