0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Официјално: УЕФА го исфрли Трабзонспор од Лигата на шампионите!

Клубот го загуби своето место во квалификациите на најкомерцијалниот фудбалски турнир, откако Арбитражниот суд за спорт (КАС) во Лозана ја потврди едногодишната казна изречена од УЕФА за кршење на правилата за фер-плеј.

Нион, 30 јули 2020 (МИА) – Турски Трабзонспор, кој заврши на второто место во локалната Супер лига, нема да игра во Лигата на шампионите следната сезона.

Клубот го загуби своето место во квалификациите на најкомерцијалниот фудбалски турнир, откако Арбитражниот суд за спорт (КАС) во Лозана ја потврди едногодишната казна изречена од УЕФА за кршење на правилата за фер-плеј.

За Трабзонспор ова е второ кршење на правилата. Во 2016 година, клубот усвои финансиски план, но не успеа да ги исполни критериумите за 2019 година, што доведе до казна од УЕФА.

По одлуката на КАС, Бешикташ ќе го заземе местото на Трабзонспор во квалификациите од Лигата на шампионите. Во групите на најсилниот турнир ќе игра шампионот Истанбул Басакшехир.

Сиваспор, Аланаспор и Галатасарај добиваат места во Лигата на Европа, откако последните две екипи ќе започнат од квалификациите.

Таг
Back to top button
Close
Close