0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Официјално: Смолинг веќе нема никаква врска со Манчестер Јунајтед

„Црвените ѓаволи“ го продадоа дефанзивецот за 15 + 5 милиони евра.

Рим, 5 октомври 2020 (МИА) – По 10 години како играч на клубот, Крис Смолинг го напушти Манчестер Јунајтед во насока на Рома.

„Црвените ѓаволи“ го продадоа дефанзивецот за 15 + 5 милиони евра.

Поранешниот англиски репрезентативец се покажа како вишок на „Олд Трафорд“ летото 2019 година и беше позајмен на „волците“ од Вечниот град.

Со тимот на „џалоросите“, Смолинг брзо ги освои симпатиите на навивачите и челниците на Рома, па затоа сега сакаа трајно да го задржат.

Таг
Back to top button
Close
Close