0_Спорт.ПорталФудбал

Официјално: Интер го привлече Мозес

Тој ќе го носи дресот со број 11, а договорот вклучува опција за откупување.

Милано, 23 јануари 2020 (МИА) – Екипата на Интер официјално објави дека го ангажирала крилниот напаѓач на Челзи, Виктор Мозес, до крајот на сезоната.

Тој ќе го носи дресот со број 11, а договорот вклучува опција за откупување.

Изминатава една година, Мозес настапуваше во Фенербахче, каде на сите турнири одигра 23 натпревари со 5 гола и 2 асистенции.

Ова ќе биде втора соработка помеѓу играчот и менторот Антонио Конте, кој го водеше Челзи помеѓу 2016 и 2018 година.

Трансферот дојде по неуспешниот договор за Леонардо Спинацола од Рома. Така, 29-годишниот играч ќе стане четвртиот Нигериец што го носи дресот на „нероазурите“ по Нванко Кану, Тарибо Вест и Обафеми Мартинс.

Таг
Back to top button
Close
Close