0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Официјално: Депај играч на Барселона

Фудбалерот за врска Мемфис Депај стана играч на Барселона. Шпанскиот клуб на својата официјална веб-страница го потврди потпишувањето договор со 27-годишниот Холанѓанец. Договорот важи до крајот на сезоната 2022/23.

Барселона, 19 јуни 2021 (МИА) – Фудбалерот за врска Мемфис Депај стана играч на Барселона. Шпанскиот клуб на својата официјална веб-страница го потврди потпишувањето договор со 27-годишниот Холанѓанец. Договорот важи до крајот на сезоната 2022/23.

Холанѓанецот се приклучи на Барселона како слободен агент.

Депај одигра 36 натпревари во завршеното првенство на Франција, на кои постигна 20 гола и направи 10 асистенции. Тој играше за Лион од 2017 година, а претходно беше член на Манчестер јунајтед и холандски ПСВ.

Како дел од националниот холандски тим, фудбалерот одигра 65 натпревари и постигна 26 гола. Има бронзен медал од Мундијалот 2014 година. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close