0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Официјално: Баерн објави трансфер на играч од ПСЖ

Фудбалерот е дете на Парижани и го забележа своето деби во професионалниот фудбал минатиот декември. За целата сезона учествуваше на 6 натпревари, но одлучи дека нема да добие шанса да се развие и избра да не го обновува договорот.

Минхен, 1 јули 2020 (МИА) – Германскиот шампион Баерн (Минхен) го најави привлекувањето на младиот Танги Куази, кој доаѓа како слободен агент од Пари Сен Жермен. 18-годишниот Французин игра како централен дефанзивец, висок е 187 см и потпиша договор за 4 сезони.

Фудбалерот е дете на Парижани и го забележа своето деби во професионалниот фудбал минатиот декември. За целата сезона учествуваше на 6 натпревари, но одлучи дека нема да добие шанса да се развие и избра да не го обновува договорот.

Во Минхен, сепак, сите чекаат објава за трансферот на Лерој Сане од Манчестер Сити. Според „Билд“, договорот е факт, а членот на германската репрезентација ќе чини 60 милиони евра.

Таг
Back to top button
Close
Close