БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Официјална Тирана го поздрави договорот за формирање влада на Косово

Официјална Тирана го поздрави постигнатиот договор за формирање влада меѓу Движењето „Самоопределување“ и Демократскиот сојуз на Косово.

Тирана, 2 февруари 2020 (МИА) – Официјална Тирана го поздрави постигнатиот договор за формирање влада меѓу Движењето „Самоопределување“ и Демократскиот сојуз на Косово.

Поздравувајќи го договорот, премиерот Еди Рама преку Твитер им посакува успешно управување и поголема меѓусебна корисна соработка во интерес на Албанците од двете страни на границата

– Успех ВВ-ЛДК во формирањето нова влада и управување со Косово! Посакувам да имаме колку е можно поголема корисна соработка за Албанците од двете страни на границата и со нетрпение очекувам да организирам одржување маса со прашањата за слободно движење на граѓаните и деловните активности на нашата граница, напиша Рама.

Овластениот министер за Европа и надворешни работи, Гент Цакај, кој по потекло е од Косово, им честиташе на ВВ и ЛДК за формирањето на новата влада на Република Косово.

– Во многуте предизвици што се пред нас, засилената соработка меѓу Косово и Албанија е неопходна. Со нетрпение очекуваме да започнеме со значајни разговори со новата косовска влада за спроведување заедничка програма во корист на двете држави, порача Цакај.

Претходно договорот го поздрави и шефот на албанската држава Илир Мета, оценувајќи дека стабилното управување е во интерес не само на Косово, туку и на регионот.

– На косовската влада предводена од г-дин Албин Курти и посакувам успеси и големи достигнувања за доброто на Косово во предизвиците кои го очекуваат, наведе Мета. вт/гт/

Таг
Back to top button
Close
Close