0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштество

Одржана дискусија „Религијата во образованието-зошто е тоа важно?“

Образованието и религијата-зошто е тоа важно?, беше темата на дискусијата што се одржа дискусија во дигитален формат преку Zoom платформата, во организација на фондацијата Конрад Аденауер, а во соработка со Асоцијацијата на професори по етика на религијата.

Дебар, 17 мај 2021 (МИА) – Образованието и религијата-зошто е тоа важно?, беше темата на дискусијата што се одржа дискусија во дигитален формат преку Zoom платформата, во организација на фондацијата Конрад Аденауер, а во соработка со Асоцијацијата на професори по етика на религијата.

Како што информираше сестра Ефимија од манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ од дебарското село Рајчица, како еден од триесетината учесници, професори по предметот Етика на религиите, дискусијата била добра можност да се слушнат нивните ставови околу придобивките од верското образование и статусот на самиот предмет во пресрет на најавените реформи во образованието.

Дискусијата започнала со поздравните обраќања на официјалниот претставник на фондацијата Конрад Аденауер, Даниел Браун, деканот на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“, Ѓоко Ѓорѓевски и деканот на факултетот за исламски науки, Шабан Сулејмани.

Тие ја поздравиле иницијативата за организација на ваков настан и уште еднаш ја истакнале значајната улога на религијата во градењето на соживот и толеранција во едно мултикултурно и мултирелигиско општество.вт/лв/

Back to top button
Close
Close