Дописници МКДОпштински вести

Одржан првиот камп за високотехнолошка извонредност во Охрид

Под покровителство на претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, изминатата седмица во Охрид се одржа Кампот за високотехнолошка извонредност, со учество на 16 ученици на возраст од 11 до 15 години кои живеат во земјава или во странство, но со македонско потекло.

Охрид, 26 јули 2021 (МИА) – Под покровителство на претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, изминатата седмица во Охрид се одржа Кампот за високотехнолошка извонредност, со учество на 16 ученици на возраст од 11 до 15 години кои живеат во земјава или во странство, но со македонско потекло.

Децата во рамките на Кампот што се реализира во организација на „Македонија 2025“, учениците имаа можност да ги развиваат нивните вештини за кодирање и роботика, но и да воспостават пријателства, да ги истражуваат локалните природни убавини како и нашето културно наследство и традиција.

– Клучот за напредокот е во науката, технологијата и инженерството. Да ги поттикнеме младите да создаваат во својата татковина, порача претседателот Пендаровски на завршната церемонија на Кампот и доделувањето на сертификатите што се одржа во претседателската вила „Бисера“ во Охрид.

Главниот извршен директор на „Македонија 2025“, Никица Мојсоска Блажевски им честита на учесниците, се заблагодари на партнерските организацииите истакнувајќи дека се гордеат со македонските таленти во областа на роботиката и кодирањето, како и оти „Македонија 2025“ и понатаму ќе имплементира програми за развој на талентите, особено за младите од ранливи категории.

Инаку, програмата на Кампот е усогласена со мисијата на „Македонија 2025“ да гради силни партнерства и врски ширум светот. Нејзина примарна цел е младите да ги унапредат своите вештини за роботика и кодирање, а покрај тоа, да обезбеди можност за младите македонци од земјата и дијаспората да создаваат мрежи, да воспоставуваат пријателства, да ја зајакнат и да ја градат македонската култура. аб/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close