Општински вестиСкопје

Одржан етно базар во Бутел како дел од програмата за празникот 8 Септември

Под мотото „Да не се заборави“, Општина Бутел заедно со Здружението на уметници – ракотворци „Арти Крафт“ од Скопје организираше етно базар, како дел од програмата за чествување на празникот 8 Септември и 30 години независност.

Скопје, 7 септември 2021 (МИА) – Под мотото „Да не се заборави“, Општина Бутел заедно со Здружението на уметници – ракотворци „Арти Крафт“ од Скопје организираше етно базар, како дел од програмата за чествување на празникот 8 Септември и 30 години независност.

-Настанот беше организиран пред споменикот на Никола Јонков Вапцаров, на кој беше изложен етно базар, со посвета и сеќавање на македонските везилки кои се бореле со иглата и конецот во зачувувањето и опстојувањето на нашите корени, на нашата македонска култура и традиција, информира Општина Бутел.

Петнаесеттина уметници – ракотворци, мајстори на стари занаети, афирмирани уметници и млади таленти пред жителите на Бутел ги претставија своите дела.

Градоначалникот Велимир Смилевски ги поздрави учесниците и се заблагодари за соработката, како и за споделените искуства и придонес во културното живеење во Општината. ки/са/

Таг
Back to top button
Close
Close