ЕвропаЕвропа.Портал

Одложување на судењето на Асанж бидејќи нема време за средба со адвокатите

Основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж не добива доволно време кое му е потребно со својот правен тим да разговара околу неговата борба против екстрадирање во САД.

Лондон, 13 јануари 2020 (МИА) – Основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж не добива доволно време кое му е потребно со својот правен тим да разговара околу неговата борба против екстрадирање во САД.

– Тоа доведува до одложување на случајот, изјави денеска еден од адвокатите на Асанж пред британскиот суд.

Асанж (48) се појави на сослушување во Прекршочниот суд во лондонскиот Вестминстер и само го потврди своето име и датум на раѓање и ги поздрави своите приврзаници во јавната галерија на почетокот и на крајот од сослушувањето.

Неговиот адвокат Гарет Пирс истакна дека проблемите да се најде време за состаноци со Асанж се причина за одложување на случајот, изразувајќи пред судот загриженост поради непочитување на распоредот.

Асанж до екстрадирањето во САД се наоѓа во британски затвор, каде издржува казна поради кршење на правилата за кауција.

Од 2012 година тој се наоѓаше во амбасадата на Еквадор за да избегне екстрадција во Шведска , каде би се соочил со обвиненија за силување, кои беа отфрлени минатата година, но во април е уапсен.

Асанж тврди дека обвиненијата од САД се политички обид да се замолчат новинарите, а шведското обвинение било дел од заговорот за негово апсење.

Се очекува постапката за екстрадиција да почне следниот месец.

САД бараат тој да биде екстрадиран по 18 обвиненија, вклучувајќи заговор за хакерски напад врз владини компјутери и кршење на законот за шпионажа. Основачот на „Викиликс“ би можел да помине децении в затвор доколку биде осуден. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close