0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталПарламентарни избори 2020ПолитикаПолитички партии

Одиме со комплетно позитивна кампања, за сите „бомби“ досега поднесени кривични, вели Заев

Комплетно позитивна кампања води коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ, вели во интервјуто за МИА претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој посочува дека во текот на претставувањето пред граѓаните го истакнуваат она што планираат да го реализираат и при тоа немаат ниту можност, ниту време за негативен пристап.

Скопје, 5 јули 2020 (МИА) – Комплетно позитивна кампања води коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ, вели во интервјуто за МИА претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој посочува дека во текот на претставувањето пред граѓаните го истакнуваат она што планираат да го реализираат и при тоа немаат ниту можност, ниту време за негативен пристап.

-За разлика од нас, нашите опоненти комплетно од спотови до наративи и верувам дека господинот Мицкоски и на сонот со Заев збори или се штрека од Заев заради тоа што ме има во сите спотови. Ова е една грозотија, кој и да е, јас сум еден обичен човек, не може да се изначудите кој е тоа психолошки  стадиум на мозокот на еден човек за да може да има една толкава преокупација за да води таков вид на кампања, а знам дека тоа ќе им се врати негативно. Ние веќе поднесовме кривични пријави за бомбите заради тоа што е тоа казниво по закон, нагласи лидерот на СДСМ.

Заев истакна дека веќе поднеле кривични пријави за бомбите што се користат во кампањата и додаде дека бараат сето тоа да се истера до крај.

Пријавите, нагласува Заев, се поднесени за сите што објавуваат без разлика дали таргет е опозицијата, дали таргет е лично тој, владејчката партија или опозициската партија или кој било граѓанин.

-Прво сакаме да престане ова заради тоа што еден дел од граѓаните стрепат за приватноста и треба да знаат дека секој има право да тужи макар другар со другар да се снимаат па да објави. Тоа е незаконски, недозволиво и треба да го знаат. Втората работа политиката нели рековме да биде пример за сите и тоа е недозволиво, затоа тоа јавно го направивме односно транспарентно да знаат сите дека има работи во државата коишто се забранети и затоа процесуиравме пријави. Но секако само да дополнам овде, грозотијата која што ја слушаме во целото тоа, насилството на луѓе кои тоа што го правеле зборувајќи директно со своите гласови, носители на листи навистина е за голема казна од страна на граѓаните, истакна Заев.

Во врска со тврдењата дека дека некои од бомбите се плод на прислушување, лидерот на СДСМ дециден – во земјава во 1 јуни 2017 нема прислушување.

-Од 1 јуни 2017 наваму нема никакво прислушување. Апсолутно никој од јавните институции немаат допир до тоа, дури ОТА како агенција која што ги прави конекциите нема право на увид на материјал или што било. Толку е разграничено со европските директиви, тоа го работевме во реформите на безбедноста  заедно со европската делегација, ЕК, со многу експерти дојдени, плус од НАТО и јасно е разграничено, не постои никакво прислушување во државата, освен со судска пресуда за истрагите против кршењето на законите во Македонија, истакна Заев во интерјуто за МИА. ац/дма/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close