0_Македонија.ПорталПолитика

Одбраната и Армијата активно се вклучија во еко-акцијата

На неколку локации кај касарните „Илинден“, „Гоце Делчев“ „Ѓорче Петров“ и касарната во Петровец во Скопје, како и во другите гарнизони низ државата – Куманово, Тетово, Кичево, Прилеп, Велес и Штип, припадниците на Армијата и вработените во Министерството, заедно со министерката Радмила Шекеринска, активно се вклучија во акцијата за чистење на животната средина, чија цел е да ја подигне свеста за потребата од почиста животна околина, соопштија од Министерството за одбрана.

Скопје, 14 декември 2019 (МИА) – На неколку локации кај касарните „Илинден“, „Гоце Делчев“ „Ѓорче Петров“ и касарната во Петровец во Скопје, како и во другите гарнизони низ државата – Куманово, Тетово, Кичево, Прилеп, Велес и Штип, припадниците на Армијата и вработените во Министерството, заедно со министерката Радмила Шекеринска, активно се вклучија во акцијата за чистење на животната средина, чија цел е да ја подигне свеста за потребата од почиста животна околина, соопштија од Министерството за одбрана.

– Наполнивме стотици ќеси со ѓубре, да се погрижиме сите локации да останат чисти и по денешниот ден. Едноставно е – ако сакаме чиста држава, ако ѓубрето ни пречи, да престанеме да го фрламе каде што не треба, порача министерката.

Од Министерството информираат дека во денешната акција се придружија и првите луѓе на НАТО канцеларијата во Скопје и канцеларијата на САД за одбранбена соработка. бк/скс/

Back to top button
Close
Close