0_Спорт.ПорталОстанатоРезултатиСпорт.Слајдер

Одбојкарките на Србија во полуфинале со САД на Олимписките игри

Женската одбојкарска репрезентација на Србија ќе игра во полуфиналето на Олимпијадата во Токио. Србинките претпладнево во четвртфиналето со 3:0, по сетови 25:21, 25:14 и 25:21 ја совладаа Италија.

Токио, 4 август 2021 (МИА) – Женската одбојкарска репрезентација на Србија ќе игра во полуфиналето на Олимпијадата во Токио. Србинките претпладнево во четвртфиналето со 3:0, по сетови 25:21, 25:14 и 25:21 ја совладаа Италија.

Ова е десетто полуфинале на српската репрезентација на големите натпреварувања (ОИ, ЕП и Мундијали).

Противник на Србија во следната рунда ќе биде селекцијата на САД.

Во другото полуфинале ќе се соочат Јужна Кореја и подобриот од пресметката меѓу Бразил и Русија закажана за денес во 14:30 часот. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close