0_Спорт.ПорталSport.SlajderОстанатоРезултати

Одбојкарите на Вардар со пораз го почнаа турнирот во Ниш

Одбојкарите на Вардар со пораз го стартуваа настапот на турнирот во Ниш, откако попладнево загубија од домаќинот со 3:0 во сетови.

Ниш, 21 август 2020 (МИА) – Одбојкарите на Вардар со пораз го стартуваа настапот на турнирот во Ниш, откако попладнево загубија од домаќинот со 3:0 во сетови.

Вардарци на овој меч настапија без првиот техничар Давид Стојанов, како и без странските засилувања кои наскоро ќе пристигнат во тимот ќе му се стават на располагање на стручниот штаб.

Ниш доминираше од самиот почеток и рутински го доби првиот сет со 25:13, по што „црвено-црните“ пружија далеку подобар отпор во остатокот од мечот. Вториот сет заврши со резултат 25:17, додека во третиот сет беше 25:20.

Инаку, Вардар денес го доби словенечкиот прволигаш Камник за ривал на стартот во Челинџ-купот на ЦЕВ.

Првиот натпревар ќе се игра во Скопје на 15/16 октомври, а реваншот ќе се игра седум дена подоцна во Словенија. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close