0_Спорт.ПорталSport.SlajderОстанатоРезултати

Одбојкарите на Вардар го задржаа максималниот ефект

Екипата на Вардар полесно од очекувањата ја совлада Џио Струмица на гостински терен со 3:0 (25:16, 25:14, 25:22) и го обезбеди првото место на крајот на есенскиот дел во Првата машка одбојкарска лига.

Скопје, 9 декември 2019 (МИА) – Екипата на Вардар полесно од очекувањата ја совлада Џио Струмица на гостински терен со 3:0 (25:16, 25:14, 25:22) и го обезбеди првото место на крајот на есенскиот дел во Првата машка одбојкарска лига.

Во дербито на сезоната „црвено-црните“ беа убедливи во салата “Парк” и му се реваншираа на бранителот на двојната круна за ланските пет порази во шесте меѓусебни пресметки.

Јовица Симовски беше најефикасен со 25 поени, а другите вардарови играчи освоија вкупно 26.

Кај Џио Струмица Николов со 10 поени беше најефикасниот играч.

По дербито, Вардар ќе биде слободен во наредното коло, па во деветтото ќе игра со ГОК Борец, додека, пак Џио Струмица ќе се сретне со ГОК Борец и со Лирија. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close