0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Одбележани 25 години од првите предавање на Универзитетот во Тетово

Универзитетот во Тетово со неколку настани одбележа 25 годишнина од првите предавања што се одржале во 1994 година. На Универзитетот се одржа пригодна свеченост, при што историски час одржа професорот Неби Дервиши, а пригоден говор Ибиш Кадриу, декан на филозофски факултет.

Тетово, 17 февруари 2020 (МИА) – Универзитетот во Тетово со неколку настани одбележа 25 годишнина од првите предавања што се одржале во 1994 година. На Универзитетот се одржа пригодна свеченост, при што историски час одржа професорот Неби Дервиши, а пригоден говор Ибиш Кадриу, декан на филозофски факултет.

– На 15 и 16 февруари 1994 година во селата Порој и Мала Речица во приватни куќи се одржале првите предавања. Во тие куќи се формирале факултети за албански јазик, педагогија, англиски јазик и историја. На првите предавања присуствувале 29 студенти. Ова се најзначајните датуми во историјата на универзитетско образование на албански јазик, истакна професорот по историја Неби Дервиши.

Претходно наставниот кадар предводен од ректорот Вулнет Амети ги посети гробовите на првиот ректор Фадил Сулејмани и Абдилселам Емини, како и Музејот на Универзитетот во Порој.

Во јануари 2004 година Универзитетот во Тетово беше легализиран со усвојување на законот од страна на Собранието на Република Македонија за основање на Државниот универзитет во Тетово. Наставата во оваа институција е главно на албански, како и на македонски и англиски. ас/цр/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close