Дописници МКДОпштински вести

Одбележана годишнината од загинувањето на бранителот Атанас Јанев

Пред споменикот на загинатите бранители од конфликтот во 2001 година во Струмица беше одбележана 19 годишнината од загинувањето на Атанас Јанев.

Струмица, 23 јуни 2020 (МИА) – Пред споменикот на загинатите бранители од конфликтот во 2001 година во Струмица беше одбележана 19 годишнината од загинувањето на Атанас Јанев.

На денешен ден во 2001 година, во операцијата за ослободување на селото Арачиново, загина струмичанецот Јанев, заедно со уште двајца негови колеги од полицијата.

Пред споменикот на загинатите бранители цвеќе положија членови на семејството Јаневи, градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски и членови на Советот на општина Струмица, началникот на СВР-Струмица, Васил Тодоров и дополнителниот заменик началник, Танчо Пројковски.рт/фф/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close