Дописници МКДОпштински вести

Одбележана годишнината од раѓањето на Гоце Делчев во Струмица

Во Струмица денеска беше одбележана 148-годишнината од раѓањето на апостолот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев.

Струмица, 4 февруари 2020 (МИА) – Во Струмица денеска беше одбележана 148-годишнината од раѓањето на апостолот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев.

Пред неговиот споменик на истоимениот плоштад се одржа пригодна свеченост на која за неговиот живот и дело зборуваше градоначалникот Коста Јаневски.

– Голем е денешниот ден, затоа што е голем човекот кој се родил во него. Генерации и генерации Македонци му се поклонувале и уште многу генерации ќе му се поклонуваат во иднина. Бесценет е неговиот влог во македонското револуционерно дело, бидејќи еден е Гоце Делчев, човекот кој и денеска не собра за да му ја покажеме нашата љубов, внимание и почит, нашето големо „благодарам“ за се што стори во својот краток, но исклучително делотворен живот, рече градоначалникот Јаневски.

Членови на рецитаторската секција од основното училиште „Гоце Делчев“ од село Вељуса рецитираа револуционерна поезија, а претставници на политички партии, здруженија и граѓани положија цвеќе на неговиот споменик.рт/фф/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close